Владо Апостолов ја доби наградата за истражувачко новинарство „Јашар Еребара“ за 2016 година, што ја доделува Здружението на новинари на Македонија. Признанието е за серијата од три истражувачки текста објавени на „Призма“ за имототите кои се поврзуваат со Владимир Здравев, поранешен претседавач на Советот во општина Центар и директор на МЕПСО, а денешен член на Одборот на директори на Македонски телеком во кој државата поседува третина од акциите.
-
Државата за „џабе“ продала спорна парцела на Хотел „Солун“
-
„Мелимејт“: Голема сопственичка мистерија, уште поголем имот
-
„Мелимејт“: Скопска фирма по теркот на „Ексико“
Фоторепортерот Ѓорѓи Личовски од „Сакам да кажам“ е добитник на наградата „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело.
Специјална награда од ЗНМ доби Мефаил Исмаили од телевизијата „Шења“.