Флеш Вести17/02/2017 11:30

СЈО истражува во МПМ

Тим на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска влегол во Медиа принт Македонија (МПМ) и како што дознаваме целта му била да истражуваат дел од финансиското работење на оваа издавачка куќа, која под своја капа ги има весниците „Дневник“, „Утрински“, „Вест“, „Македонски спорт“, магазинот „Теа“ и интернет порталот „Телеграф“.

Од вчера сопственик на МПМ е само поранешниот дипломат, Срѓан Керим, додека неговите партнери „Интернет груп“ од Србија и македонскиот бизнисмен Јордан Камчев веќе не се дел од сопственичката структура.

Денеска, пак, новинарите од трите дневни весници на МПМ почнаа да штрајкуваат поради задоцнети плати.