Експремиерот Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и помошникот-министер Ѓоко Поповски треба да одат во затвор. Врховниот суд ја потврди пресудата во случајот „Тенк“.
Според пресудата, спроведената набавка на луксузниот „мерцедес“ е незаконска. Груевски нарачал, а Јанкулоска со умисла го поттикнала нејзиниот заменик Ѓоко Поповски да стори кривично дело, злоупотреба на службената должност.
Груевски беше осуден на две години затвор, Јанкулоска на четири, а Ѓоко Поповски на четири години и шест месеци.