Регион

12 години затвор за убиство на хрватски цивили

  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

Енвер Буза. Фото: БИРН

Судот на Босна и Херцеговина го осуди Енвер Буза, поранешен командант на самостојниот баталјон Прозор на АБиХ, на 12 години затвор, бидејќи постапил спротивно на правилата на меѓународното хуманитарно право за заштита на цивилите, за време на војната во БиХ.

Судот утврди дека Буза, имал контрола врз единицата, која на 14 септември 1993 година, во раните утрински часови, извршила напад на селото Уздол, при што на „суров“ начин биле убиено 27 цивили од хрватска националност, меѓу кои најмладата жртва имала десет години.

„Утврдено е дека нападот го извршиле единиците на самостојниот баталјон под контрола на Буза, како и дел од припадниците на полицијата, кои, исто така, биле под контрола на обвинетиот …  Единствен заклучок на советот беше дека жртвите биле цивили, кои не учествувале во борбени операции“, рече судијата председавач, Жељка Марениќ.

Судот утврди дека Буза, во доволна мера, бил известен за злосторствата, што го обрвзувало да спроведе темелна истрага и оти од доказите произлегува оти тој тоа не го сторил и дека целта била, злосторството да се прикрие.

„Доказите укажуваат дека обвинетиот ниту писмено, ниту усмено, не му наредил на својот помошник да спроведе истрага, ниту биле земени изјави од учесниците. Советот можеше да заклучи оти имало опструкција од страна на Буза, бидејќи тој се оглушувал врзано за истрагата“, се вели во пресудата.

Според судијата Марениќ, презентираните докази покажале дека од куќите во селото не се пукало и дека повеќето луѓе, меѓу кои и три деца, биле убиени одблизу.

„Советот утврди дека Буза имал информации што му овозможиле да знае дека се извршени злосторства над цивили. Дека убиствата на цивилите не можеле да останат непознаница, произлегува од низа документи“, заклучи Марениќ.

На оваа пресуда постои можност да се поднесе жалба.