Апелациониот суд Скопје денес одлучи да ја уважи жалбата на Специјалното јавното обвинителство (СЈО) и оцени дека снимените материјали можат да бидат доказен материјал за предметот поврзан со насилството во општина Центар.
Со оваа одлука Апелација практично дозволува „бомбите“ да бидат третирани докази во кривичната постапка што Основниот суд Скопје 1 ги отфрли во декември 2016 година.
Станува збор за случајот против Никола Груевски, Миле Јанакиевски, Даниела Рангелова и уште 11 лица за насилството во општина Центар откако на изборите во 2013 победи Андреј Жерновски.