Регион

БиХ: Побарано укинување на ослободителна пресуда

  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

Славко Миловановиќ, пред Судот на БиХ, пред изрекувањето на пресудата. Фото: Марио Иличиќ/БИРН

Обвинителството на БиХ поднесе жалба на пресудата со која Славко Миловановиќ беше ослободен од обвинението дека извршил злосторство против човештвото во селото Решагиќи, Сребреница, во мај 1992 година, и побара да биде наложено повторно судење.

Миловановиќ, поранешен припадник на резервните полициски сили на Станицата за јавна безбедност Скелани (општина Сребреница), беше ослободен во февруари 2019 година.

Имено, тој беше ослободен од вината дека на 8 мај 1992 година, со група припадници на воени, полициски и паравоени формации, пристигнал во селото Решагиќи, учествувал во нападот на селото и наредил палење на куќите, од кои жените и децата биле принудени да излезат.

Според Судот на БиХ, неспорно било дека нападот врз Решагиќ се случил, но оти обвинителството не докажало дека обвинетиот учествувал во настанот.

Од друга страна, обвинителството како основа за својата жалба ги наведе кршењето на одредбите од кривичната постапка и неточното и нецелосното утврдување на фактите.

Како одговор на жалбата, одбраната предложи нејзини отфрлање и потврдување на првостепената пресуда.