Регион

БиХ: Потврдена казна затвор за злосторства над Хрвати

  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

Осудените, со своите адвокати, во судница. Фото: Суд БиХ

Апелацискиот совет на Судот на БиХ, ја потврди првостепената пресуда, со која Минет Акељиќ, Шабан Хаскиќ, Сенад Билал и Хазим Патковиќ, беа осудени на вкупно 27 години затвор, за злосторства извршени над цивили, кои во 1993 година биле затворени во Крушчица кај Витез.

Со првостепената пресуда од октомври 2018 година, Акељиќ и Хаскиќ беа осудени на седум, Биљал на осум и Патковиќ на пет години затвор. Тие беа прогласени за виновни за физичка, психолошка и сексуална злоупотреба на хрватски цивили, во објектот за притвор „Црна куќа“ во Крушчица.

Акељиќ беше прогласен за виновен како поранешен командант на воената полиција на првиот баталјон на 325 ридска бригада на АБиХ, а останатите како воени полицајци.

„Овде не се работи за изолирано туку за систематско малтретирање,  што го потврдува и бројот на кривично-правни активности“, изјави претседателот на судскиот совет, Даворин Јукиќ, за време на изрекувањето на првостепената пресуда.