Вести

БИРН нуди обука за новинари, за теми од областа на транзициската правда

БИРН, во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), ги повикува новинарите, до 25 септември, да аплицираат за обука, која ќе се занимава со теми поврзани со транзициската правда, како што се судењата на воените злосторства.

За учество во оваа обука, што ќе се одржи во Белград од 14 до 16 октомври, можат да аплицираат новинари од поранешните југословенски републики, заинтересирани за прашањата поврзани со транзициската правда.

„Прашањата поврзани со транзициската правда, воените злосторства, одговорноста и правдата, се сè уште многу важни и чувствителни теми на Балканот и нивното новинарско покривање бара објективно известување, засновано на факти“, изјави регионалната директорка на БИРН, Марија Ристиќ.

Учесниците ќе имаат можност да учат од експерти за транзициската правда – новинари, судски официјални лица, владини претставници и претставници на граѓанското општество.

Работен јазик на обуката ќе биде босански/хрватски/црногорски/српски. Доколку е потребно, ќе биде обезбеден симултан превод.

Трошоците за патување и сместување, ќе ги покрие организаторот.

По обуката, од учесниците ќе биде побарано да предложат сторија која ќе се однесува на транзициската правда на Балканот.

Врз основа на предлозите и општите оценки од обуката, БИРН ќе избере 10 новинари, кои ќе учествуваат во студиска посета на Хаг, во ноември 2019 година.

Новинарите што ќе предложат најдобри стории, ќе добијат грант од 1.000 евра, за понатаму да ги развијат тие стории, во соработка со искусни уредници на БИРН.

За да аплицирате, потребно е да испратите биографија, мотивациско писмо, линкови до ваши претходно објавени текстови или да ги испратите самите текстови, како и други релевантни документи на е-маил: [email protected]., со назнака, „Пријава – обука за новинари“.

Крајниот рок за пријавување е 25 септември.