Регион

Ексхумирани посмртни останки од можна масовна гробница во селото Суви до

Посмртни останки за кои се претпоставува дека ѝ припаѓаат на жртва на војната во Косово, ексхумирани се во селото Суви До, во близина на Митровица, откако еден ден предходно беа откриени посмртни останки на други лица.

Дие Морина, Приштина

Ископувања во северна Митровица, Косово. Фото: БИРН

Директорот на Одделот за судска медицина на Косово, Арсим Герџалиу, за БИРН изјави дека останките се пронајдени во четврток, во селото Суви До, еден ден по ексхумацијата на други останки, за кои се претпоставува дека им припаѓаат на жртви на војната 1998-1999 година.

„Останките беа пронајдени на шест, седум места, а оние што денес ги пронајдове можеме да ги поврземе со последната војна во Косово“, рече Герџалиу.

Додаде дека ископувањата во таа област ќе продолжат сѐ додека не се утврди „дали има и други тела или не“.

Ископувањата траат веќе два дена.

Тие првично започнаа во август, но беа прекинати на барање на семејството на поранешниот премиер на Косово, Бајрам Реџепи, кој почина на 21 август.

Одделот за судска медицина на Косово одлучи да го одложи ископувањето за овој месец, бидејќи локацијата на која што се врши ексхумацијата, е во непосредна близина на домот на поранешниот премиер Реџепи.

Бројот на лица кои и денес се сметаат за исчезнати како резултат на војната во Косово е 1.658.