Актуелно

ФОТОГАЛЕРИЈА: Осма недела #Протестирам

  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

Преку фотографиите на Роберт Атанасовски ги пренесуваме највпечатливите моменти од последната недела од протестите.

Почнува осмата недела откако граѓаните, здружени преку Шарената револуција, почнаа протести по улиците на Скопје и во други градови од државата, барајќи целосно повлекување на одлуките за аболиција што ги донесе претседателот Иванов и негова оставка.

Преку фотографиите на Роберт Атанасовски ги пренесуваме највпечатливите моменти од последната недела од протестите. Со чатал летаа балони со бои кон Собранието, а на демонстрантите им се приклучи и лидерот на СДСМ Зоран Заев кој фрли боја кон Министерството за правда. На информативни разговори во полиција беа повикани повеќе лица, а на дел им беа изречени парични казни од 50 евра.

Протестите продолжуваат и денеска, од 18 часот пред Специјалното јавно обвинителство.