Регион

Интерпол распиша потерница по поранешен член на ХВО

Интерпол распиша „црвена потерница“, која е најблиску до меѓународниот налог за апсење, по Ивица Колобара, поради сомневање дека извршил злосторства против човештвото и воени злосторства против цивилното население.

До објавувањето на овој текст, Обвинителството на БиХ не ни одговори на прашањето за деталите за злосторствата, што наводно ги извршил Колобара.

Според Интерпол, 54-годишниот Колобара има и босанско и хрватско државјанство.

Во конечната пресуда изречена на поранешните припадници на силите на босанските Хрвати, Марко Радиќ, Драган Шуњиќ, Дамир Брекало и Мирко Врачевиќ, од 2011 година, неколку пати се споменува лицето Ивица Колобара.

Радиќ, Шуњиќ, Брекало и Врачевиќ беа прогласени за виновни, во својство на офицери и припадници на првиот белопољски баталјон на Втората бригада на ХВО, за злосторства против човештвото, односно против бошњачки цивили, извршени во Мостар, во периодот од јули 1993 до март 1994 година.

Тие се товарат за убиства, затворање, тортура, сексуално насилство и прогон.