Еден геј не може да сруши влада, многу педери можат

Колумна на Сашо Кокаланов
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

Му вели Хасо на Мујо:

– Муки, јас мислам дека сум геј.

– Каков геј бе!? Возиш Бе-ем-ве по Монте Карло?

– Не.

– Одиш на излети на Хаваи?

– Не, до Халкидики максимум.

– Носиш Прада чанта?

– Од кај, болан, пари за Прада?

– Е па Хасо, да те разочарам, ти не си геј, ти си најобично педериште.

Ако ја прифатиме тезата на премиерот Зоран Заев дека геј е сексуална ориентација, а педер – карактерна особина, тогаш без многу „оклевање“ може да стасаме до заклучокот изнесен во насловот на оваа колумна. Но, дозволете, сепак, малку поексплицитно да ја објаснам множината во пласираната теза.                                                                                            

Да, Боки Тредичи, независно која од четирите букви на акронимот ЛГБТ ја чувствува за своја (сексуалната ориентација е навистина неважна за текстов), педерски ја изигра вашата доверба. Но, проблемот на Зоран Заев и на оваа власт не е само тој еден педер, заедно со оној „кичевскиот“ рекет-партнер, ниту фактот што толку добро и мангупски ги насанка. Еден, двајца педери, дури и во очигледна комбинација со неколку педерски странски служби, не ѝ можат ништо на оваа влада.

Но, што правиме со другите педери? Тие што се инсталирани во највисоките кругови во судско-обвинителската власт и се моткаат околу Заев во политичката власт.

Зошто се дозволи да се компромитираат сите во специјалното обвинителство, па сега да ги слушаме оние чиј интерес е да нема правда како гракаат: Цело СЈО педери!

Претпоставувам, Заев знае дека тоа што ја иритира јавноста (а видовме и претседателот Стево Пендаровски) не е толку рекетот на онаа галантна будалетинка со ВИП-пристап до политичката и обвинителската елита, колку што е чувството дека целата истрага се води педерски и што реакцијата на системот остави огромен простор да се верува дека има буљаши што се малку позаштитени од другите буљаши.

Што покажа одземениот телефон (и оној вториот најден кај снашката) на Катица? Зошто толку се тактизираше со нејзиното повикување на распит? Употребена е, злоупотребен ли е, офајдена ли е? Или со премиерски речник кажано: Педер е Катица или не е? Ако е педер, кој ја штити?

Зошто со неутврдувањето на педерството на Катица се дозволи да се уништи комплетно институцијата СЈО? Зошто се дозволи да се компромитираат сите во специјалното обвинителство, па сега да ги слушаме оние чиј интерес е да нема правда како гракаат: Цело СЈО педери!

Кога сме кај правдата, има тука уште доста педерски работи. Едноставно, педерски е што нема правда за сите. Како што сега стојат работите, сите правеа криминал, а само еден го јаде. Добро, чувме дека Миле Јанакиески извршувал доста педерски наредби за време на десетгодишното владеење, ама па не е ли педерски само тој да го јаде од целата таа криминална булумента.

Сè почна со она педерско бегство на Груевски. Се скрил тој во багажник, во ауспух или во карбуратор, неважно, требаше некој да одговара. Лутете се колку сакате, ама педерски е што дозволивте да ви кидне Грујо и сега немоќно гледате како нè дупи со статуси од Будимпешта. Барем за него знаевте какво педерче е и дека нема храброст да лежи во ќорка.

Педерски е и што бројчаникот на Триумфална зариба уште на првите „обртаи“. Педерски е што нема конфискација, а мандатот полека привршува. Педерски е што за два мандата во Центар една дива тераса не успеавте да урнете од белата палата.

Педерски е што злосторничкото здружение ДПМНЕ сè уште го третирате како легитимна политичка партија и, следствено, Христијан Мицковски – за политички лидер, а не за дилер со украдена роба, и на тој начин свесно или несвесно им подготвувате терен за нивно враќање на власт, не на мала, ами на голема врата.

Педерски е и што бројчаникот на Триумфална зариба уште на првите „обртаи“. Педерски е што нема конфискација, а мандатот полека привршува.

Педерски е што реформите во образованието ги сведовте само на укинување на екстерното тестирање. Педерски е што децата во многу општини сè уште ги носат елечињата, маиците, панталоните и сукњите на осомничениот Орце Камчев. Верувајте, и по толку перења, уште смрдат на корупција. Ама, се чини, вашите градоначалници ја засакаа таа миризба, а можеби почна и да им годи финансиски.

Педерски е што реформите во здравството се сведени на планови за нов клинички во Скопје. Платите на лекарите останаа мали, па тие продолжија како педерчиња да бегаат таму каде што им е поубаво. Условите по болниците останаа катастрофални, а прошетките по ходниците и натаму се одвиваат, односно не се одвиваат според „Мој термин“. Оние со врски и натаму педерски се бутаат преку ред.

По општините врие од педерана што ништо не работат. Со чесни исклучоци, на кои конечно летово им се приклучи и таткото на Скопје, во многу краишта на земјава основните проблеми останаа нерешени…

За некои од овие педерски работи владата е директно одговорна, за некои – индиректно, за многу од нив не е никако, туку е само фрустриран набљудувач на јаловоста на системот.

Но, на крајот, сосема е неважно, таа ќе е онаа што го плаќа цехот. А заедно со неа, ќе го јадеме сите ние што се понадевавме на промени и малку нормалност.

Знам дека е педерски, ама како што рече едно старо педериште, народот е во право и кога греши. На крајот на краиштата, нема поголем и попревртлив педер од народот.