Регион

Kосовската полиција трага по уште двајца осомничени за убиството на Ивановиќ

  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

Како дел од истрагата за минатогодишното убиство на Оливер Ивановиќ, косовската полиција објави фотографија на две лица, пред седиштето на партијата „Слобода, демократија, правда“, пред кое беше убиен Ивановиќ, и ги повика граѓаните да ја известат полицијата, доколку имаат некакви информации за нив.

Ивановиќ беше убиен во јануари 2018 година во северна Митровица. Тој претходно се сметаше за националист, но подоцна стана умерен политичар на косовские Срби, како и критичар на властите во Белград.

Косовската полиција минатиот месец уапси две лица, под сомнение дека се поврзани со убиството. Еден од нив е српски полицаец, кој е осомничен дека криел докази.

Полицијата го бара Жељко Бојиќ, командир на оперативната косовска полиција, задолжен за северот, а властите за осомничен го именуваа и Милан Радоичиќ, потпретседател на политичката партија на Србите од Косово, Српска листа, кој се наоѓа во Белград и е надвор од дофатот на косовската полиција.

Вчера полицијата во соработка со Дирекцијата за истраги на тежок криминал, доби зелено светло од Специјалното обвинителство, да ја објави фотографијата на двајцата осомничени.

„Објавувањето на овие фотографии, има за цел идентификување на лицата од страна на граѓаните, кои можат да ни помогнат“, се вели во соопштението на полицијата.

На фотографијата, осомничените се пред партискиот штаб на Ивановиќ, на улицата „Иво Лола Рибар“, во Митровица.

Пред да биде убиен, нему, во обновена постапка, му се судеше по обвинение дека дал наредба за убиство на Албанци во Митровица, за време на војната на Косово во 1999 година. Тој се изјасни дека не е виновен.