Вести

Новинарите сведочат за вербални и физички напади во и надвор од Собранието

Со вербални и физички напади, вреѓање и пцовки од страна на демонстрантите од иницијативата „За заедничка Македонија“ вчера со соочија новинарите кои беа сведоци на инцидентите во Собранието. Тие за БИРН раскажуваат со што се соочиле и што виделе додека биле на лице место, а според н

Новинарката Наташа Стојановска ја евакуираат од Собранието

ивните изјави несомнен е заклучокот дека во законодавниот дом полицијата не реагирала за време на инцидентите и дека буквално немало кој да ги заштити од разјарената толпа.

Наташа Стојановска, новинар од „24 вести“ била сведок како нејзината колешка Душица Мрѓа била физички нападната од демонстрантите.

„Се фрлаше со што се стигне, со шипки, со стативи од камерите, буквално пратениците беа доведени во ќош и демонстрантите беа спремни да ги убијат. Се обидов да снимам со телефон, но тој ми беше одземен од демонстрантите, фрлен. Потоа група од нив се обиде на мене и на Душица Мрѓа да ни ги одземе телефоните, тука дојде и до физички контакт, неа дури и ја удрија. Полиција во овој момент немаше, долго време немаше, внатре бевме оставени буквално сами на себе да се справуваме со толпата“.

Истото го потврдува и Фросина Димеска, новинарка од Радио Слободна Европа, која во текот на инцидентите беше во собраниската сала.

Новинарката Душица Мрѓа неколку пати била нападната за време на вчерашните инциденти во Собранието

„Постојано ни довикуваа ‘не снимај, не се јавувај, спушти ја камерата’, едноставно не ни овозможуваа да известуваме за тоа што се случува. Се обидувавме да се тргнеме од сета таа сцена, имаше претставници од обезбедувањето кои ни велеа дека се беспомошни во таа ситуација и кога ги прашувавме како да излеземе, ни викаа на ваша одговорност. Не знаевме каде да одиме, немаше ниту полиција ниту обезбедување за да нè заштити во тие моменти“.

Боби Христов, уредник во ТВ Телма, пак, беше нападнат од страна на полициски припадник, му беше скршен микрофонот, а тој беше турнат до ѕид.

„Се отвора дилемата дали масата, народот, демонстрантите, кој како и да ги нарекува, успеаја да влезат во Собранието или едноставно беа пуштени. За мене најшокантен е фактот дека јас лично бев нападнат од припадник на полицијата, од собраниско обезбедување, а за волја на вистината, бев спасен и евакуиран од човек кој на себе имаше црвено жолта марама“, вели Христов.

Уредничката на „Макфакс“, Санта Аргирова на социјалните мрежи јави и дека сниматело

Христов: Се отвора дилемата дали демонстрантите успеаја да влезат или намерно беа пуштени во Собранието

т на Макфакс е во болница откако вчера бил повреден.

„Снимателот на Макфакс, Никола е во болница. Има потрес на мозок, од удар. Момчето има 21 година и само си ја вршеше својата работа“, напиша Аргирова.

Новинарите јавуваат и дека биле сведоци како новинарки од одредени медиуми биле навредувани, па дури и мавани со камења, како внатре така и надвор од Собранието. Од телевизијата 21 велат дека четворица новинари од нивната екипа вчера биле нападнати.

„Ни велеа дека сме ‘шиптарска телевизија платена од Сорос’. Еден од демонстрантите, свесно, го зеде столчето и удри по мене, со зборовите ‘и ти треба да страдаш, зошто си од шиптарска телевизија“, вели новинарката од ТВ21 Искра Опетческа и додава дека уште тројца нејзини колеги биле нападнати и денеска ќе биде доставена пријава до полиција.  

„Ваквите случувања се суров доказ за алармантните услови со кои се соочуваат медиумите, а насилството врз нив е атак врз демократијата, а со тоа и криминал врз општеството. Доколку властите не преземат сериозни чекори во заштитата на слободата на изразување ќе продолжат да ги охрабруваат оние кои имаат за цел по пат на сила да ги замолчат новинарите и другите критички гласови во општество. Барањето одговорност од политичарите е една од клучните одговорности во новинарството и медиумите не смеат да бидат блокирани во обидите да ги истражат сите важни прашања од јавен интерес“, се вели во реакцијата на Советот за етика во медиумите на Македонија.

Со остра критика за вчерашните случувања излезе и Синдикатот на новинарите и медиумските работници заедно со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

„Политиката на етикетирање, говор на омраза, вербално насилство кон новинарите која синоќа кулминираше во Собранието со напада врз десетици новинари и медиумски работници е поразена. Поразено е со храброста на колегите кои и покрај опасноста го регистрираа беснеењето на насилниците и пасивноста на полицијата. Затоа нема дилеми дека од денеска започнува процесот на, не само декларативно туку и реално повикување на одговорност не сите оние кои инспирираа, дозволија и спроведоа акти кои се срам за едно цивилизирано општество“, стои во соопштението.

Од Синдикатот велат дека полицијата, ЕБР и тие што со нив командуваат се „директно одговорни еднакво како и оние хулигани кои по ходници ловеа новинарски екипи, тепаа, навредуваа, уништија мобилни и опрема – не случајно, свесни дека токму регистрирањето на нивното дивеење е доказ кој ќе ги донесе на суд“.