Регион

Oслободен Србин обвинет за масакр во косовско село

  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

(Архивска фотографија) Изложба на фотографии на поставувањето на камен-темелникот на музејот на бегалците. Фото Кабинет на премиерот на Косово

Blerta Begisholli | Приштина | БИРН

Судот во Приштина го ослободи Милош Петковиќ, од обвинението кое го товареше за воени злосторства над цивилите во Мала Круша, изјави за БИРН неговиот адвокат Љубинко Тодоровиќ.

Тодоровиќ рече дека неговиот клиент пред судот докажал оти не е виновен за учество во масовното убиство во Мала Круша, извршено  на 26 март 1999 година, објави РТВ Мир.

Петковиќ беше уапсен во Унгарија минатиот септември, по потерница распишана од Мисијата на ЕУ за владеење на правото во Косово, ЕУЛЕКС, а потоа во мај оваа година беше екстрадиран во Косово, каде му се судеше.