Регион

Подигнато обвинение против припадник на ВРС за убиствo на Бошњаци

  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

Поранешниот заменик командант на воената полиција на Војската на Република Српска (ВРС), Ненад Бубало, е обвинет дека учествувал во убиства на Бошњаци во местото Хргар, северозападна Босна и Херцеговина, во 1992 година.

Елемери Шкргиќ-Микулиќ, Сараево

Обвинителството на БиХ во Сараево. Фото: БИРН

Обвинителството поднесе обвинение против Ненад Бубало, поранешен заменик командант на воената полиција на 15 бихаќка бригада на ВРС, со кое го товари дека во јуни и јули 1992 година, учествувал во убиства и прогон на Бошњаци.

„Обвинетиот се товари дека заедно со други воени полицајци на ВРС, учествувал во земањето на најмалку пет заробени мажи, цивили од бошњачка националност, од логорот „ИМТ тракторски сервис“ во Рипач, во областа Љуточка долина, како и за нивно убиство во Хргар“, стои, меѓу другото, во обвинението.

Обвинителството наведе дека Бубало е роден во Хрватска, но дека има пасош на Србија и дека е државјанин на БиХ.

Од обвинителството, до објавувањето на овој текст, не добивме одговор дали Бубало се наоѓа во Босна и Херцеговина или во Србија, која не ги екстрадира осомничените за воени злосторства.

Обвинението е испратено до Судот на БиХ на потврда.