Регион

Поранешни припадници на ВРС ослободени од обвинението за воени злосторства

Апелацискиот суд во Белград, ослободи двајца поранешни припадници на Војската на Република Српска (ВРС), од обвиненијата за убиство на цивил од бошњачка националност, извршено во декември 1992 година, за време на војната во Босна и Херцеговина, со што ја преиначи првостепената пресуда со која тие беа осудени за воено злосторство.

Вишиот суд во Белград. Фото: Бета

Апелацискиот суд во средата ги ослободи поранешните припадници на ВРС, Недељко Совиљ и Рајко Векиќ, од обвинението за убиство на цивил, образложувајќи дека не постојат доказ кои несомнено потврдуваат дека тие го извршиле злосторството за кое се обвинети.

Судот, исто така, утврди дека сведоците не пружиле сигурни докази кои биле основа обвинетите да се осудат.

Совиљ и Векиќ, со првостепената пресуда која минатата година им ја изрече Вишиот суд во Белград, беа осудени на по осум години затвор за убиство на Мехмед Хркиќ, бошњачки цивили, извршено на 21 декември 1992 година, во селото Осоје, во близина на Босански Петровац.

Според пресудата од 2016 година, обвинетите поминувајќи низ селото ги сретнале Хркиќ и лицето Мило Вукелиќ.

„На Вукелиќ му наредиле да си оди дома, а Хркиќ го заробиле … Обвинетите, вооружени со автоматски пушки, заробеникот го одвеле околу 500 метри длабоко во шумата и испукале најмалку три куршуми во негова насока. Хркиќ починал на лице место“, се вели во пресудата.

Совиљ и Векиќ, кои потекнуваат од Босански Петровац, по војната избегале во Србија, каде што добиле српско државјанство.

Овој случај ѝ беше отстапен на Србија, врз основа на спогодбата за заемна правна помош, од страна на судот во Бихаќ, БиХ.