Вести

Повеќе од 600 бегалци од Авганистан заглавени на Табановце

  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

Нема официјални информации зошто Србија и Хрватска ги затворија границите само за бегалците од Авганистан, кои останаа заглавени на просторот меѓу Македонија и северниот сосед.

12752172_10153272078141583_1671371948_o

Точно 617 бегалци од Авганистан веќе трет ден се заглавени на граничната линија меѓу Македонија и Србија, во транзитниот центар Табановце. Оваа ситуација настана откако Србија и Хрватска решија да не ги пропуштаат бегалците од оваа азиска држава, иако досега им дозволуваа да транзитираат заедно со бегалците од Сирија и од Ирак.

12768037_10153272076376583_1541906421_o

Никаде нема изјава зошто официјални Белград и Загреб донеле вакви одлуки. Српските власти вратиле околу 350 мигранти, дел се вратени од Хрватска додека цело време пристигнуваат нови бегалци меѓу кои има и луѓе од Авганистан. Од заглавените Авганистанци повеќето се семејства и меѓу нив има околу стотина деца.

12767821_10153272078226583_1650210771_o

„Тука сме веќе трет ден, спиеме на земја. Не ни е јасно зошто не можеме да го продолжиме патот. Немаме никакви шанси да се вратиме во Грција, немаме пари, патуваме цело семејство, осум члена и само враќањето во Грција ќе нè чини по сто евра од човек“, вели Ахмад кој заминал од татковината пред 16 дена.

12767991_10153272076901583_1484714390_o

Бегалците велат дека нема шанси да се вратат во Авганистан, бидејќи таму сè им е уништено.

„Знаеме дека и Грција е во криза, тешко дека и таму би нашле работа. Инаку, би оделе било каде, Германија, Австрија…“

Транзитниот центар е преполн, хумантираните организации делат храна и облека. Неизвесно е што ќе прават македонските власти со Авганистанците и голема е веројатноста дека ќе ги вратат во Грција, бидејќи во Табановце нема капацитет за толку бегалци.

12765681_10153272124496583_31864674_o