Актуелно

Се формира паралелен синдикат на новинари

Дел од новинарите кои одбиле да ги потпишат пристапниците, а не сакаа да зборуваат јавно, според нашите сознанија, наишле на закани од страна на главните уредници, дека ќе бидат избркани од работа, дека нема да добијат плата и сл.

Во новиот синдикат, како што дознаваме, веќе членуваат дел од новинарите и медиумските работници од телевизиите „Алфа“ и „Сител“, од весниците „Вечер“ и „Македонски спорт“, а во тек е прибирање членство и од порталот „Телеграф“ | Фото: Shutterstock.com

Медиумите блиски до власта формираат нов синдикат на новинари, каде што дел од медиумските работници се принудуваат на членство и против нивната волја, тврдат за БИРН претставници од медиумите.

Од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) реагираат дека „очигледно во тек е акција за формирање паралелна организација која, по теркот на Македонската асоцијација на новинари (МАН), треба да биде пандан на автентичната медиумска организација“.

Во новиот синдикат, како што дознаваме, веќе членуваат дел од новинарите и медиумските работници од телевизиите „Алфа“ и „Сител“, од весниците „Вечер“ и „Македонски спорт“, а во тек е прибирање членство и од порталот „Телеграф“.

Според нашите сознанија, Градимир Марковски, новинар од „Нова ТВ“, е задолжен за формирањето на новиот синдикат и тој ќе биде негов претседател.

Дел од новинарите кои одбиле да ги потпишат пристапниците, а не сакаа да зборуваат јавно, според нашите сознанија, наишле на закани од страна на главните уредници, дека ќе бидат избркани од работа, дека нема да добијат плата и сл.

„Дојде главниот уредник и рече дека колку пристапници донел во редакцијата, исто толку, само потпишани, мора да ги врати“, сведочи за БИРН новинар кој не сака да членува во новиот синдикат.

Дел од новинарите своите пристапници си ги нашле на бироата кога дошле на работа, со образложение дека до крајот на денот мораат да ги вратат потпишани. На некои од нив им било кажано и дека медиумот ќе им го плаќа членството на новинарите во новиот синдикат.

„Дојде главниот уредник и рече дека колку пристапници донел во редакцијата, исто толку, само потпишани, мора да ги врати“, сведочи за БИРН новинар кој не сака да членува во новиот синдикат | Фото: Shutterstock.com

Според нашите сознанија, Градимир Марковски, новинар од „Нова ТВ“, е задолжен за формирањето на новиот синдикат и тој ќе биде негов претседател. Во телефонскиот разговор Марковски не сакаше да каже дополнителни детали.

„Во моментов сум на снимање, можам само да кажам дека е во тек формирање на синдикат, но ништо не е официјализирано“, рече Марковски и додаде дека за дополнителни информации можеме да ги бараме Ивона Талевска или Драган Павловиќ – Латас.

Со Павловиќ и Талевска не успеавме да стапиме во контакт.

Од ССНМ велат дека нивни членови веќе ги известиле оти се делат пристапници за нов новинарски синдикат.

„Тоа не би било спорно доколку тоа ‘делење’ не е условено со закани од непродолжување на договорите, намалување на платитеили во подобрата варијанта – ветување дека членарината за синдикатот ќе биде плаќана од страна на самиот медиум. Очигледно во тек е акција за формирање паралелна организација која, по теркот на МАН, треба да биде пандан на автентичната медиумска организација, во случајов ССНМ. Станува збор за добро проверен метод на криминална злоупотреба на демократските форми, нешто што со години наназад гледаме дека се случува“, велат од ССНМ.

Инаку, ССНМ постои од 2010 година и е полноправна членка на Меѓународната и на Европската федерација на новинари. Во ССНМ членуваат новинари и медиумски работници од сите медиуми, дури и таму каде што членувањето е забрането, а имаат и тајни членови.

„Оваа акција за формирање паралелен синдикат, за која немаме дилеми дека е инспирирана од преговорите за медиумите и спомнувањето на ССНМ како релевантна медиумска организација е само уште една демонстрација на непочитувањето и уривањето на интегритетот на медиумските професионалци. Ако нешто правевме досега, тоа е токму борба против таквата практика и тоа ќе продолжиме да го правиме и во иднина“, велат од ССНМ.