Флеш Вести17/12/2016 11:23

Пред ДИК почна да се собира народ

Стотина лица блиски до владејачката партија, симпатизери и поддржувачи се собрани пред Државната изборна комисија, каде во 11 часот треба да се одлучува по последниот приговор на СДСМ.

Сообраќајот на улицата не е стопиран, а на лице место можат да се видат од дрва за греење, канти и отпадоци.

dik-protesti1

Дрва за греење пред ДИК

Од вкупно 16 приговори поднесени од БЕСА и СДСМ, Државната изборна комисија досега прифати само еден.

Во последниве два дена, пред ДИК масовно се собира народ и се држат говори, за „одбрана на изборниот резултат на ВМРО-ДПМНЕ“.

dik sobir5

Бројот на насобрани лица пред ДИК денеска е видно намален