Вести

Седницата на ДИК и протестите одложени

  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
По информацијата за одложување на седницата демонстрантите се упатија кон своите домови / Фото: БИРН

По информацијата за одложување на седницата демонстрантите се упатија кон своите домови / Фото: БИРН

Државната изборна комисија вечерва ја прекина седницата на која ги разгледуваше приговорите за гласањето на 11 декември, а продолжението го закажа за утре во 11 часот.

Останува да се разгледа уште само еден приговор на СДСМ. ДИК досега ги отфрли сите освен еден приговор на партијата БЕСА за гласање на едно избирачко место во Гостивар каде што со графолошка анализа е утврдено нарушено гласачко право на Фатиме Сулејмани.

Со прифаќањето на приговорот се поништува гласањето во ова избирачко место, а ќе се повтори само и доколку вкупниот број на гласачи кои гласаа на тоа избирачко место влијаат на вкупните резултати во шестата изборна единица.

На веста за одлагањето на седницата насобраните протестанти кои од пладне го продолжија собирот започнат синоќа извикуваа „УА“.

Дополнителниот министерот за труд и социјала Диме Спасов кој ги информираше демонстрантите за одложувањето на седницата на ДИК рече дека тие и утре ќе протестираат и се подготвени „ако треба и до Нова година“ да останат за да ја одбранат „изборната победа на ВМРО ДПМНЕ“. Обидот да бидат каменувани прозорците на зградата на поранешна НИП Нова Македонија каде што е седиштето на ДИК е спречен од самите протестанти кои почнаа да заминуваат.

Повеќе информации, видеа и фотографии се достапни во нашата нова рубрика #ПризмаФлеш