Одлив на 33,6 милиони евра е салдото на странски инвестиции во јануари годинава, покажуваат најновите податоци што денеска ги објави Народната банка.
Тоа значи дека одливот на странски капитал во почетокот на годинава бил поголем отколку приливот.
Народната банка регистрира прилив на сопственички капитал и реинвестирана добивка од 37,9 милиони евра, но одливот изнесува 71,5 милиони евра.
За споредба, истиот период лани бил регистриран прилив на 34,1 милиони евра странски инвестиции.
Инаку, според базата на податоци на БИРН „Странски инвестиции под лупа“ инвестирани се седум пати помалку пари од најавеното и има три пати помалку отворени работни места отколку што беа ветени.