Актуелно

Тензично пред Владата, граѓаните бараат оставки

  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

Тензична е атмосферата пред Владата, каде што околу две илјади граѓани се собраа по последната објавена „бомба“ на опозицијата за случајот со смртта на Мартин Нешкоски. Кон зградата на Владата летаат јајца и шишиња, а евидентен е револтотот кај насобраните граѓани, кои ги спуштија знамињата на половина копје.

Полициското обезбедување се засилува, а граѓаните во сè поголем број се собираат пред Владата, каде што изразуваат револт по последната објавена „бомба“ на опозицијата за случајот со смртта на младиот Мартин Нешкоски.

tenzicno pred vlada1

Јајца, домати и шишиња летаат кон зградата на Владата, а граѓаните повикуваат на оставка од министерката Гордана Јанкулоска и премиерот Никола Груевски.

tenzicno pred vlada2

tenzicno pred vlada3

Жена со солзи во очите стоеше пред полицијата и им зборуваше: Овде за животи се работи! А вие, вие за колку се продавате, за 200 – 300 евра?

tenzicno pred vlada4

Со најголем аплауз беше поздравен еден полицаец кој ја тргна оградата и рече дека ќе го пушти народот внатре. Тој си замина, бидејќи, како што рече, има друга работа.

tenzicno pred vlada5

Граѓаните извикуваат „Убијци, убијци“, „Нема правда, нема мир“, „Оставка“, „Стоп за полициската бруталност“… Во неколку случаи дојде до турканици меѓу граѓаните и полицијата, но до 20.30 часот не беа забележани поголеми инциденти.

tenzicno pred vlada6

На протестите пред Владата се приклучи и Средношколскиот пленум, а најголемо внимание предизвика и семејство од албанска националност кое носеше албанско знаме и бебенце во количка. Тогаш толпата почна да извикува „Заедно сме посилни“.

tenzicno pred vlada7

Граѓаните, во знак на револт, ги спуштија знамињата на половина копје.

tenzicno pred vlada8

Протестите продолжуваат и понатаму, а започнаа околу 18 часот, додека министерката Гордана Јанкулоска држеше прес-конференција на која изјави дека разговорите што ги обелоденила опозицијата се „креирани, сечени и монтирани“.