За дополнителни работи за изградба на „Панорамско тркало“ со придружни објекти и мостови на реката Вардар што треба да се изгради помеѓу Камениот мост и мостот „Гоце Делчев“ е склучен нов договор во износ од над 50 милиони денари, односно нешто над 810 илјади евра.
Договорот, објавен на веб страницата за јавни набавки, е склучен со непосредна спогодба меѓу Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) и градежното претпријатие БЕТОН АД Скопје кој го спроведува проектот.
Со овој, последен договор, трошоците за контроверзното барокно „Панорамско тркало“ се доближија до 20 милиони евра.