Регион

Во Сараево ќе се отвора спомен-соба на децата убиени во војната

  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

Фотографија на Ајна Јусиќ, дете на војната. Фото: БИРН

Сараевската општина Центар, потпиша договор за закуп со кој на Здружението на родители на убиените деца од опколено Сараево 1992-1995, му отстапува простор каде што ќе биде сместена спомен-соба, посветена на убиените деца на Сараево.

Фикрет Грабовица, претседател на Здружението на родители на убиените деца на опколено Сараево 1992-1995, изјави дека сакал спомен-собата да биде во близина на споменикот на убиените деца, за да можат  посетителите на едно место да добијат увид во обемот на злосторството извршено над децата.

„Оваа спомен-соба ќе биде посебен проект од историско значење, кој ќе го негува споменот на убиените деца и ќе ја кажува вистината за настаните во неодамнешната војна, но  и од образовно значење, каде што идните генерации ќе бидат во можност да дознаете повеќе во врска со опсадата на градот”, истакна Грабовица.

„Се надевам дека и другите нивоа на власт, ќе се вклучат и финансиски ќе го поддржат спроведувањето на проектот”, додаде тој.

Градоначалникот на општина Центар, Неџад Ајнаџиќ, изјави дека спомен-собата ќе биде место кое ќе ги потсетува и ќе ги опоменува луѓето на војната.

„Не смееме да заборавиме на страдањата на нашите граѓани, особено на децата”, истакна тој.

Ајнаџиќ потсети дека во текот на 1.425 дена од опсадата на Сараево, загинале околу 12.000 жители и над 1.500 деца.

„Ние мора да ги пренесуваме овие факти на помладите генерации, за историјата да не се повтори”, рече Ајнаџиќ.

Во Сараево постои и Музеј на военото детство, во кој се изложени повеќе од 3.000 лични предмети на децата што живееле во Сараево, за време на конфликтот 1992-1995 година.