Двајцата лидери на двете најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев прогласија победа на изборите. Последните податоци од Државната изборна комисија (ДИК) со пребројани над 88 отсто од резултатите, покажуваат водство на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ за околу 20 илјади гласови или над 388 илјади за ВМРО-ДПМНЕ наспроти над 368 илјади гласови за СДСМ.
Останува нејасно како оваа разлика ќе се одрази на бројот на пратенички мандати.
Од албанскиот блок, водство има ДУИ со над 75 илјади гласови, зад нив се БЕСА со 49 илјади, Алијансата за Албанците со 30 илјади и ДПА со нешто помалку од 27 илјади гласови.