Регион

Демонстранти во Ниш спречија прикажување на филм за српско-албанските односи

Со српски знамиња во рацете и извикувајќи антиалбански пароли, група демонстранти во Ниш го спречи прикажувањето на филмот, „Албанките се наши сестри“, во кој се зборува за српско-албанските односи.

Филип Рудиќ, Белград

Неколку десетици националисти, меѓу кои и членовите на забранетата десничарска група, Образ, ја спречија во четвртокот вечер во Ниш, проекцијата на филмот „Албанките се наши сестри“.

За време на протестот, демонстрантите виореа српски знамиња пред објектот на Медиа центар, каде што беше закажана проекцијата на филмот, а неколкумина од нив успеаја да влезат во зградата, при што почнаа да им викаат на организаторите.

„Ја забрануваме проекцијата на овој пагански филм. Ова нема да го дозволиме, сите ќе добиете ќотек, се ќе искршиме овде (во Медиа центар)“, викаше човек во воена униформа, кого медиумите го идентификуваа како Бранислав Вакиќ, поранешен пратеник на Српската радикална партија.

„Полицијата се обиде да го смири, наместо веднаш да го изнесе надвор. Го изнесоа кога веќе беше јасно дека проекцијата нема да се случи“, рече новинарот Дарко Шпер, соавтор на филмот.

Шпер за БИРН изјави дека полицијата била присутна во и пред зградата, пред која меѓу 30 и 40 лица „со врескање пееле песни“.

„Во еден момент тие почнаа да фрлаат земја на терасата, кога се појавивме на неа“, ни рече Шпер.

Полицијата подоцна негираше дека за време на инцидентот биле фрлани предмети.

Медиумите во Србија објавија дека одговорноста за инцидентот ја презела десничарската група Образ, која го спречила прикажувањето на филмот, поради неговата „отворена омраза кон Србија и српскиот народ“.

Образ смета дека прикажувањето на овој, и нему случни филмови, е обид на „антисрпските невладини организации“, да ја „сменат свеста на Србите“.

Уставниот суд на Србија во 2012 година ја забрани оваа десничарска организација.

Да потсетиме, десетици десничарски на 11 јуни во Нови Сад, се обидоа да го спречат и прикажувањето на филмот за животот во Косово, „Косово … На здравје! Гзуар!“.

Во почетокот на јуни, во Белград, десничари протестираа против фестивалот „Мердита-Добар ден“, чија цел е зближување на културите на Србија и на Косово.

На овој фестивал беше прикажан филмот „Албанките се наши сестри“.

Филмот говори за НАТО бомбардирањето на Југославија во 1999 година, за време на војната во Косово, и за луѓето во Србија кои се спротивставија на мобилизацијата и организираа антивоени протести.

“Албанците се нашите сестри”, како и филмот “Косово … На здравје! Gezuar “, една од петте филмови направени во рамките на проектот” вистински луѓе – вистински решенија “, во продукција на БИРН Косово, Независното здружение на новинари на Војводина и Форумот ЗФД, поддржан од Делегацијата на ЕУ во Србија.