Актуелно

Мобилна апликација „Скопје 2014 под лупа“

  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

Дознајте колку нè чини „Скопје 2014“ преку фотографирање на објектите изградени во рамки на овој проект со помош на вашиот мобилен уред.

Z-facebook-cover-android-app3d

БИРН Македонија изработи интерактивна апликација за андроид мобилни уреди „Скопје 2014 под лупа“ (Skopje 2014 Uncovered) преку која можете да ја дознаете цената на чинење на кој било објект мапиран во истоимената база на податоци.

Преку преглед или фотографирање на еден објект ќе ја дознаете само цената на конкретниот објект, додека пак, доколку фотографирате со поширок радиус, можете да дознаете колку чини секој објект посебно кој се наоѓа во дадениот кадар или да ја пресметате заедничката вредност на сите објекти во кадарот.

Преку препознавањето на објектите со помош на оваа апликација можете со клик на името на било кој објект прикажан на вашиот мобилниот уред да се поврзете и со базата на податоци„ Скопје 2014 под лупа“ и покрај цената на чинење да дознаете и други информации поврзани со изградбата на дадениот објект или проектот Скопје 2014 во целост.

Направените фотографии со само еден клик можат да се споделуваат на социјалните мрежи или да се праќаат во пораки.

Апикацијата е достапна на Google Play на овој линк.