Флеш Вести19/12/2017 15:24

Поништен огласот за автомобил од 35.000 евра на Клиниката за трауматологија

Клиниката за трауматологија,ортопедски болести,анестезија,реанимација го поништи огласот за набавка на автомобил за директорот вреден 35 илјади евра. Според известувањето објавено на веб-страницата на јавни набавки, набавката се поништува поради „непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган“.

Поништувањето следува откако веб-порталот СДК објави дека Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) купува автомобил за 35.000 евра. Според тендерот, објавен во петокот, возилото треба да има пет врати, минимум 5 места за седење, моторот да биде дизел, а работната зафатнина да биде минимум 1.950 кубни сантиметри.

Илир Хасани, директор на оваа Клиника за СДК изјавил дека патничкото возило се набавува за потребите на кабинетот на директорот на клиниката, односно за да може непречено да ја обавува директорската функција.

Во моментов, оглас за возило со исти спецификации има објавено и Агенцијата за стокови резерви.