Вести

За 19 години во Скопје најмногу нови „аеродромци“


Скопската Општина Аеродром има зголемување од над 5 илјади нови жители, покажаа податоците од Пописот на населението, становите и домаќинствата.

Таму според Пописот во 2002 живееле 72 илјади, а во 2021 над  77 илјади.

Втора скопска општина каде што има најголем пораст на нови жители е Кисела Вода, , потоа следуваат општините Карпош, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Сарај и Бутел.

Во Гази Баба, Центар и Чаир, пак, има обратен тренд, опаѓање на бројот на населението.

Така, лани во Гази Баба живееле скоро 3.000 жители помалку во споредба со 2002 година.

 Податоците од пописот укажуваат и на речиси 20 илјади нови  „скопјани“. Биле 506.926 пред 19 години, а лани биле 526.502.

Бројот на домаќинства, пак, е поголем за над 34 илјади, а има 141 илјада нови станови, поточно 141.031 стан повеќе, споредено со 2002 година.

Oва значи дека во Скопје има 3,8% повеќе жители и 20% повеќе станови од последниот попис во 2002.

Тоа го отвора прашањето дали многу сегашни резиденти на Скопје, всушност се попишале на друго место, но, и укажува на тоа дека многумина имаат повеќе од еден стан.