Вести

Асани предупреден од Ахмети за однесувањето кон претседателот на ЗНМ

  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

Бекир Асани е предупреден од лидерот на ДУИ Али Ахмети за навредите и заканите кон новинарот Насер Селмани, вели во интервјуто за емисијата на БИРН „Животот на Косово“ претседателот на Собранието Талат Џафери.

Тој вели дека „не знае што му рекол Ахмети на Асани, бидејќи не бил присутен на средбата, но смета дека не е решение Асани да биде исклучен од ДУИ, туку дека за неговите постапки треба да реагираат институциите бидејќи тоа не е прашање на партијата“. 

Џафери на инсиситирањето на новинарката Јета Џара за случајот во кој братот на Бекир Асани му упати закани на претседателот на Здружението на новинари на Македонија вели дека како претседател на Собранието не може да поддржи „такво однесување кон новинар“, но вината ја гледа во двете страни забележувајќи му на Селмани што на протестот пред Владата  „ја колективизирал вината на Асани со партијата ДУИ“.

Во продолжение следува делот од интервјуто на Џафери за емисијата на БИРН „Животот на Косово“, каде што тој зборува на оваа тема. Интервјуто е на албански јазик.