Вести

Владата ги објави имињата на актуелните хонорарци

  • 5
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  


Владата на веб-страницата попладнево ги објави имињата на актуелните хонорарци. Станува збор за тековна состојба од први април годинава. На листата се наоѓаат имињата на 55 ангажирани лица, износ и опис на ангажманот.

Кај некои од лицата пишува дека се ангажирани од јануари, февруари или март, а датумот до кој се ангажирани е 31 декември 2021 година.

Претходно БИРН од Владата ги доби фактурите под контото „други договорни услуги“ за декември 2020 година, без имиња.  Таму имаше описи на дела кои во листата што денеска ја објави Владата ги нема, како на пример советник за надминување на кризата предизвикана од КОВИД-19.

По објавата на портпаролот на Владата, Душко Арсовски, во емисијата 360 степени дека од понеделник ќе бидат достапни имињата на лицата наведени во фактурите, БИРН ги побара целосните фактури кои биле исплатени за декември 2020 година.