Регион

Во Албанија ексхумирани останки на можна жртва на војната во Косово

Во албанско село, во близина на границата со Косово, косовските власти ексхумираа останки на неидентификувано лице, за кое се претпоставува дека било закопано за време на војната во 1999 година.

Дие Морина, Насер Сертоли, Приштина

Претставници на Институтот за судска медицина на Косово и на Мисијата на ЕУ за владеење на правото (ЕУЛЕКС), под надзор на обвинителот за воени злосторства, Дрита Хајдари, во понеделникот, во селото Домај, во Албанија, ексхумираа останки на непознато лице.

„Да, го најдовме телото. Ќе се вратиме во Косово и во следните денови ќе работиме на негова обдукција“, изјави за БИРН, директор на Институтот за судска медицина, Арсим Герџалиу.

Жителите на селото, го нашле телото на ова непознато лице во мај 1999 година, а потоа го закопале.

Местото на кое се погребани неговите останки, тие го нарекле „гробот на Косоварот“, бидејќи претпоставуваат дека во нивното село, од Косово, го донела реката Бел Дрим, која тече во близина на границата.

Ексхумацијата е спроведена во соработка со Албанија.

Од Институтот се надеваат дека по обдукцијата, ќе можат да го утврдат идентитетот на жртвата.

Бројот на лица кои сé уште се водат за исчезнати во војната во Косово, е 1.658.